Wednesday, March 26, 2014

Некаде каде што само ние знаеме

Некаде каде што само ние знаеме

Те сакам. 
  • -Те сакам повеќе одколку што дебело дете сака торта.
  • -Те сакам повеќе од Хомер што ја сака Марж.
  • -Те сакам колку г-дин Крабс што сака пари.
  • -Те сакам повеќе од чоколадо (само те молам не ме терај да докажам) .
  • -Те сакам повеќе од зомби што сака мозок.
  • -Те сакам повеќе од Смигл што го сака своето скапоцено.
Јас малечко па за кратко време ти се протнав во мисли,а ти голем па цели ми ги исполни. Кога легнувам те мислам,кога заспивам те сонувам, кога станувам ти се јавувам. Успеа да направиш нешто што мислев дека нема да дочекам… Ме омекна. И да со тебе сум затоа што си различен, затоа што сме различни. Кога ми иде да земам нож што е поголем од мене и да изигравам сериски убиец од нервоза, ти ќе ми мавнеш чврга и ќе ме седнеш да гледам Пинк Пантер. Не ние не гледаме романтики… Стандард или комедија на која нема да можеме да земеме воздух од смеење или пак хорор по кој ќе завземат улога безброј пцовки и реченици од типот -Ради тебе нема да можам да спиам. Наместо да си викаме сонце и да се лигавиме си викаме дебели и се смееме. Секој ден успешно ме изненадуваш и ме тераш одпочеток да се заљубам. Додека на останатите заљубени снешкото им е голем и убав, нашиов е мал и деформиран, ама глеј го стариот никако да се стопи. Нема никогаш да те пуштам да си одиш затоа што автоматски сум насмеана кога ќе те видам и затоа што едвај 2-3 дена издржувам без тебе, а не пак повеќе. Можам уште сега да замислам. Послем добра комедија седнуваме на малата терасичка, ги пуштаме омилените песни и одмараме со црвено вино и милка чоколади… Малку подоцна кога ќе залади времето влегуваме и ти свириш и пееш а јас ги чкрабам тие “само за наши очи” текстовите. Повеќе љубов од тоа на едно место не верувам дека ќе најдеш. До сега сите пред тебе ме правеа убава, ме правеа совршена… ме трупаа со без значајни комплименти колку да се каже нешто, а никогаш не им текна да ме направат тоа што ти ме направи… Среќна. И сега стоиш втор на мојата листа од машкиот пол која ги набројува само тие вредните, така стоиш веднаш до татко ми.
                                                      Автор:Јована Андовска
                                                      СЕПУГС ''ВАСИЛ АНТЕВСКИ-ДРЕН''

No comments:

Post a Comment