Friday, March 14, 2014

Среќните парови среќни и без посебен рецепт за љубов

Среќните парови среќни и без посебен рецепт за љубов

Среќните парови немаат некој посебен рецепт за љубов. Тие „само" знаат дека...

За некоја врска да биде успешна, потребно е многу да се вложува во неа, но она што е уште поважно е двете страни еднакво да учествуваат и да се трудат, а одлуките да ги донесуваат во корист на партнерот. Во спротивно, врската ќе биде осудена на пропаст, без разлика на тоа колку се сакате.
Паровите кои се во среќна врска знаат и дека тоа е еден од најважните услови за посветеност. Едноставно кажано, важно е двајцата партнери да бидат одлучни во намерата да дадат сè од себе за врската да успее и опстане.
За да бидете во врската среќни, важно е да останете автентични и да не се изгубите себе. Тоа значи секогаш да бидете искрени, да разговарате со партнерот за тоа што ви пречи, слободно да го изразувате своето мислење за секој проблем и тема и секако да ги почитувате мислењата на партнерот.
Важно е двајцата да имате слобода да кажете сè што мислите еден на друг, а притоа да знаете дека партнерот ќе ве сослуша и разбере.

No comments:

Post a Comment