Wednesday, March 12, 2014

Чекори до освојување на саканата

Чекори до освојување на саканата





Како треба да изгледа еден маж кој сака да освои вистинска дама? Сигурен и убеден дека таа е девојката која треба да застане покрај него, да биде убеден во тоа што го сака, да верува во себе… Звучи едноставно, но не е така и во реалниот живот нели? Што е тогаш проблемот?

1. Верувај во себе
Нервозни сте бидејќи се плашите дека таа може да ги препознае вашите недостатоци. Всушност таа може да ги запримети само ако ѝ ги покажете. Затоа, пред да ѝ пријдете, одделете неколку минути за себе и соберета ја целата самодоверба која ја поседувате. Фокусирајте се на сопствените квалитети и употребете ги во разговорот. Внимавајте само да не прераснат во фалење и егоцентричност, затоа што така само ќе ја одбиете од себе.

2. Пријди ѝ во вистински момент
Чекајте го вистинскиот момент да ѝ пријдете. Најдобро е кога ќе остане сама за да можете да зборувате само вие двајца. Она што исто така е многу важно е ставот и гестикулацијата. Исправете го грбот, покажете сигурност и не мрдајте премногу со рацете.


3. Дај ѝ комплимент
Штом ви се допаѓа, значи дека може да наброите многу квалитети кои ве привлекле. Затоа не трудете се да ги избегнете оние класични комплименти од типот “косата ти е многу убава” или “имаш преубави очи”. Обрнете внимание и на другите аспекти и почнете од нив, на тој начин ќе отворите и нова тема за разговор.

4. За крај
Бидејќи вие сте тој кој го направи првиот чекор, на вас останува да продолжете понатаму. Барајте број на телефон и најдете некаков изговор зошто ви е потребен, секако, ако не сакате директно да прашувате. Имате некои информации од прва рака за кои таа се интересира? Одличен начин да ѝ пратите порака и да го продолжите разговорот.

1 comment:

  1. Tesko e da ja osvoite taa/toj sto ja sakate, tesko no ne i neostvarlivo :)

    ReplyDelete