Wednesday, March 19, 2014

ИСПРЖЕНИ ЕМОЦИИ

ИСПРЖЕНИ ЕМОЦИИ



- Другар премногу си се променил.


- Чекај малце, кога престанав да го трошам цело време за вашата удобност и да се замарам во секој момент да сте среќни тогаш приметивте дека сум сменет? Толку модринки на рацете и патетични изговори за да се исплачам цела вечер не приметивте, а сега кога не ви одам по ќејф само за да се чувствувате добро за себе се посомневавте дека сум се сменил? Од денес како они со мене така ја со нив. Ниту грам нема да попуштам, затоа што не заслужуваат. Милион шанси и милон разочарувања. Го нема повеќе невиното лица кое трчаше на секој ваш повик и секој можен пат пружеше помош, па дури и кога нему му беше повеќе потребна одколку на останатите.Трпи,ќути е не иде така. Сега нервозата е ладнокрвност,осаменоста е храброст, а помошта стана жед за одмазда. А пробав да бидам добар и разбран…
 

 

-Стој малце другар,каква одмазда… А што стана со тие кои те сакаат?

  -Хаха добро е си имал страна за хумор. Јас ја љубев таа си играше со мене. Сите ја интересираа, особено женкарите кои никогаш нема да и обрнат внимание. Секако сите освем јас, а сега кога сум груб и ладен се сети да ме бара и да ми цимолиза тоа како сум се сменил. Другарите? Се срамам што сум допуштил да им поставам таква важност на тие. Да да истите тие кои пред пет минути ме одминаа без ниту здраво да кажат. Додека мене последната нерва ми се спојува и ќине по шестнаесетти пат тие пијат и се забавуваат со женската која следниот ден ќе им  стане една од списокот, а кутрата мислеше им значи нешто… Исто како мене… Како секој можен до сега што ми влегол во животот да ми бил пролазна лекција. Учи сега па применувај подоцна така? И од сите тие предавања конечно пронајдов поради што сите стоеле на пет метри оддалеченост од мене.

 

-Е што е причината кажи ми? 

-Многу едноставно, ако се помрднат еден минијатурен чекор би ме погодиле со своте десет маски кои ги ставаат во мое присуство.

                                                                           Автор:Јована Андовска
                                                           СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен"

No comments:

Post a Comment