Wednesday, April 9, 2014

„ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН“

САЕМОТ НА КНИГАТА како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.
26-тиот, по ред Саем на книгата 2014  несомнено ќе биде место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област кои одново ќе ја истакнат моќта на книжевните дела како суштински фактор за културното творештво на секој народ. На Саемот на книгата на едно место се претствуваат најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот  што го прави овој саем еден од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околку 40.000.


Романот започнува со претставување на Онегин, кој по смртта на вујко му од кого добил наследство, решил да замине на село и да го смени начинот на живот, бидејќи градскиот веќе му здодеал.
Поетот се навраќа на минатото на Онегин, на татко му, кој правел по три бала годишно и на тој начин го потрошил богатството. Се навраќа на детството, кога Онегин не добил којзнае какво образование и на неговата младост, кога најважно од
сè му било убаво да се облече, да оди по балови и театри и да кокетира со девојките.
Без разлика на неговото површно образование, тој знаел убаво да зборува, знаел да се шегува, бил прифатен во друштвото и омилен кај дамите. Тој постојано излегувал, бил канет на сите балови и приеми, а дома се враќал во мугри кога другите луѓе тргале на работа. Во театарот него не го интересирале претставите и уметноста, туку убавината на дамите. Дома тој имал свој работен кабинет, но Пушкин со иронија го опишува, бидејќи во него имало: турско луле, увозни украси, парфеми, прибор за нокти. Всушност, тој кабинет не бил за работа, туку за дотерување. Таму тој поминувал по три часа дневно контејќи се. И неговата облека била помодарска, странска. И храната исто така, односно, специјалитетите што ги јадел биле странски. Всушност сè во животот на Онегин е подредено на уживањето и на бесполезното поминување на времето. Преку него, Пушкин ни ја претставил однародената, безработна петроградска младина. Тој е тип на излишен човек (непотребен, вишок).
Откако му здодеал ваквиот бесмислен живот, а и заради вујкото кој е пред умирање и кој му остава наследство, Онегин решава да замине на село.

Но писмо одеднаш му дојде:
да тргне веднаш, овој саат.
Го викна вујко му да појде —
за заден да се видат пат.
Ги прочита редојте неми,
за патот далечен се спреми,
го приготви багажот свој,
на тројката се качи тој,
и, зарад пари готов беше
на лаги, воздишки, на се...

Но, и на село само неколку дена бил воодушевен од воздухот, природата и мирот, а потоа повторно му станува здодевно. Се обидува да ги смени господарските односи со воведување на помали даноци со што го предизвикува револтот на соседите.
Тогаш во селото доаѓа Владимир Ленски, убав, млад поет. Тој е сосема различен од Онегин. Тој ја сака природата, ја опејува во своите песни, живее во занес и верува во чистата и искрена љубов.

...Се зближија. Та бран и камен,
ил стих и проза, мраз и пламен
по нешто личат, блиски се...
Но зарад спротивностите,
во нив досадата се влеа.
А потем ... што да зборувам
и зошто да оспорувам!
- Неразделни и блиски беа.
Од немање што да правиш
пријателство ќе направиш!...

Тие толку се зближуваат што Ленски отворено му раскажува на Онегин за големата љубов што ја чувствува кон Олга. Тој ја засакал уште кога биле деца, ја гледал како расцутува и се вљубувал во неа, осамувајќи се и посветувајќи и безброј песни. Сестрата на Олга, постарата - Татјана била различна и посебна.

Молчалива и тажна, дива
ко срна плашлива што бива,
во својот роден татков кат
ко туѓа била секојпат.
Од својте галена да биде
не можела да трпи баш;
ко дете неа никогаш
да игра никој не ја видел,
Крај прозор сама седела,
по цел ден, мисли редела.

Таа не се интересирала за женските работи, за везењето, за облеката, за модата, неа ја интересирале страшните приказни кои во детството и ги раскажувала дадилката, ја интересирала природата, изгрејсонцето и читањето на романтичарските книги.
Претставувајќи ги сестрите, поетот се навраќа и на нивните родители, на нивната мајка која во младоста била вљубена во друг, но нејзините ја омажиле за имотен човек, па по некое време таа се помирила со судбината и презела сè во свои раце - владеела со својот маж и со имотот. Таткото, пак, ја сакал, и дозволил сè, и верувал и само јадел, пиел, спиел и понекогаш со блиски пријатели попладне се дружел. Живеејќи мирен селски живот остареле заедно и тој починал.
Заедно со Ленски, од здодевност и Онегин оди во посета кај Ларини. При таа посета, мирната и повлечена Татјана се вљубува во Онегин бидејќи тој е единствениот нов лик во селото. Таа само чекала да се вљуби во некого, во главата и срцето направила место за својот идеален љубовник. Не го ни познава каков е, но го поистоветува со ликовите од романите што ги чита. Затоа, кога ќе се појави Онегин, таа ќе си рече: тоа е тој!
По оваа средба Татјана уште повеќе се повлекува во себе и гори од љубов. Не можела да јаде, не можела да спие. Единствена на која и се поверувала била нејзината дадилка, па во разговорот со неа малку ја стивнувала својата љубовна болка.
Љубовта на Татјана поетот ја опишува со многу милост и топлина, но и со сочувство кон нејзината наивност, заслепеност, страст која и ја отвара душата и ја прави бескрајно искрена. Не знаејќи како да си ја стивне љубовната страст, таа решава да му напише писмо на Онегин во кое сосема отворено ги искажува чувствата.
На крајот од писмото таа вели:

Но — сеедно: во твое крило
судбината ја препуштам
што заштита од тебе моли...
Би сакала да не пуштам
ни плач... но, напразно? ме боли.
Јас сама сум. Зар некој мене
ме разбира? Но кој е тој?
Молчејќи гинам ... Сепак, денес
те чекам тебе мили мој.
Со поглед еден надеж јака
оживи ми, ил овој сон
прекрати го со ошто сакаш:
со прекор, презир, суров тон.

Завршувам! До смрт се плашам:
јас премирам од страв и срам...
Но, позната е честа ваша:
во неа не се сомневам...

Таа три дена чека одговор на писмото, пребледува и гори, но одговор нема. Тогаш Онегин доаѓа во нивната куќа, а таа од срам и страв бега во градината. Тој ја наоѓа и и кажува дека е многу поласкан од нејзиното писмо, дека тоа поттикнало љубов кај него, дека кога би сакал да се жени, би ја одбрал неа, но тој не е подготвен на таков чекор. Објаснува дека тој не човек за брак и дека таа би била несреќна со него. На крајот ја теши дека таа ќе си најде друга љубов, подостојна од него. Татјана не му одговара ништо, само си ја наведнува главата од болка и тага.
По тој состанок љубовта кај Татјана не стивнува. Таа и понатаму тагува, молчи, не спие и свенува.
А, љубовта на Владимир кон Олга сè повеќе расте. Тој по цел ден е кај неа, и пишува песни во нејзиниот споменар, а не може да се оддели од неа ни ноќе зашто и сонот и го посветува. А, таа, весела, жуборлива, не ги ни чита неговите песни, не ги сфаќа сериозно и лесно наоѓа и друга забава.
Времето минува, Онегин повлечен на својот имот станува како Чајлд Харолд, го обзема монотонијата и мрзливоста. Зимата, доаѓа Владимир и го посетува и поканува Евгениј кај Ларини на именденот на Татјана.
На прославата, Онегин ја забележува тагата на Татјана која го оптоварува и не му се допаѓа.

Не трпеше Евгениј веќе
од нервни појави ни траг;
девојчински тој солзи нејќе,
ни сака нејзин воздив благ.
Се лути чудаков што дојде:
Со погледот по Тања пројде:
ја виде свената од бол.
Тој спушти поглед, молњи полн,
се наду. И негодувајќи,
тој Ленски ќе го фрла в бес,
— за одмазда. Ни пет ни шест
и предвреме тржестувајќи
во својта душа, полна гнев
— со гостите ќе прави смев.

Прославата продолжува, гостите јадат и пијат, се развеселуваат. Кога започнуваат валцерите, тој го дочекува часот на одмаздата. (Сака да си поигра, да го нервира и да му се одмазди на Ленски зашто го повикал на забавата на која тој треба да ја трпи тагата на Татјана.) Ја повикува Олга да игра со него и со неа ја поминува целата вечер. Од срам и од љубомора Ленски го предизвикува Онегин на двобој.
Пред двобојот, во лутина, Ленски посакува да не ја види повеќе Олга, но таа се појавува пред него весела и безгрижна како и секогаш, прашувајќи го каде се загубил тој на прославата. Тоа малку го расколебува за извршувањето на двобојот, бидејќи повторно се чувствувал сакан. Но, омразата кон Онегин и потребата да ја заштити Олга од таков развратник и ласкател, ќе го одведе во смрт.
Во двобојот, по стапките на оддалечување, Евгениј пука и го погодува Ленски под срцето, а Ленски воопшто не испукува од својот пиштол. Тогаш Онегин се чувствува изиграно, го гризе совеста и иако победник, тој е поразениот.
По таа случка, Онегин му се враќа на стариот живот, веќе никој не знае ни каде е, ни што прави.
Од друга страна, пак, за жал, поетот Владимир Ленски, неговата љубена брзо го заборава и се омажува за друг. Татјана останува сама во селото. Таа тагува, шета по полињата и еднаш влегува во куќата на Онегин, во неговиот кабинет. Гледајќи ги неговите работи, читајќи ги неговите книги, таа за првпат се запознава со него и сфаќа каков бил тој.
Во тој период Татјана ги одбива сите понуди за брак, па затоа мајка и одлучува да заминат во Москва каде сигурно ќе се најде некој за ќерка и. Таму ги дочекуваат многубројните роднини, а сите тетки веднаш се обидуваат да и најдат некое момче. Ја носат по балови и театри и ја запознаваат со многу луѓе.
Патешествијата и желбата за забава и заборав, го доведуваат и Онегин во Москва, на бал, каде го сретнува својот стар пријател, кнезот, кој се оженил со Татјана. Кога се сретнуваат во новата средина, во изменета ситуација, Татјана реагира многу ладнокрвно, достоинствено, учтиво му проговорува и си заминува.
Онегин не може да верува дека оваа рамнодушна московска дама е истата девојка од село. Тој се вознемирува, почнува сонот да не го фаќа, да мисли само на неа. Тогаш му стигнува покана за вечера кај кнезот. Станува нестрплив, едвај чека да оди и да ја види.
Оди на гости растреперен, влегува кај нив, и иако на момент е насамо со Татјана, тој не може ни да прозбори. На вечерата таа е прекрасна, со сите гости се однесува убаво, насмеана, љубезна, вистинска домаќинка. Ваквата Татјана, Онегин не може да ја тргне од умот.

Но, без сомнение: Онегин
љубовната ја сети моќ:
во мисли љубовни тој сега
поминува и ден, и ноќ.
Без трошка страв од својта совест
под прозорец Татјанин снове
и, речиси, е секој ден.
Ко сенка тој ја гони, нем,
и среќен, чест што му падна,
— тој крзно и наметнува
и погледот засветнува
од допирот на рака ладна.
Ги враќа назад слугите,
и држи шал пред другите...

На сето тоа, Татјана не реагира. Од невозвратената љубов, Онегин се разболува, но не сака  да оди во странство и да се лекува бидејќи сака да биде во нејзина близина. Немоќен, несреќен, тој решава да и напише писмо. Во него тој ја изразува својата љубов и каење што кога таа сакала, тој не бил подготвен за брак. Сега, тој е подготвен да ја моли, да ја преколнува, да плаче, само таа да му ја возврати љубовта. Но, таа не му одговара. Тој и пишува уште писма, но не добива никаков одговор.
Онегин се повлекува во себе, чита книги, живее во минатото. Пролетта тој малку живнува, почнува да шета, но не издржува и оди кај Татјана. Ја наоѓа дома сама, облеана во солзи читајќи ги неговите писма. Остануваат некое време гледајќи се со љубов, но Татјана прва го прекинува тој момент. Таа многу трезвено му кажува дека секогаш ќе го сака, и дека и е жал што тој не ја прифатил нејзината љубов кога тоа била возможно, но дека сега е доцна и таа нема да го изневери својот маж.

Thursday, April 3, 2014



  ПОДОБРО ОТКОЛУ ШТО СЕ ПОЗНАВАМ СЕБЕ

Арогантен е,малоумник!! Сепак е мој малоумник. Знае да ме изнервира доволно за да посакам да заврши на пуст остров со единствената храна на која е алергичен и секако да ме израдува за да помислам дека е единствена светла точка која ја познавам. Неговите пријатели по стојано ми велат дека ме сака но дека тоа егото ке го уништи еден ден. Колку и да посакам едноставно неможам да замислам да не се пошегувам за неговата нова фризура или пак да не му ја дадам дневната доза нервирање. Не е како останатите,постојано се смееме и караниците не траат долго.  Делува како неговиот живот да е отворена книга,додека всушност е пародија од реалноста за која не дава никакви хинтови. Мислам дека токму тоа ме држи прилепена за него,што ме тера да мислам дека се знам а ми дава дознаење дека со ништо не сум запознаена. Но за сега е доволно што воопшто постои како појава во мојот живот,што ме нервира,што ме смее. Ми стана рехабилитација кога бев во искушениа. Секој пат ми ја потенцира нервозата по што ме прегрнува како извинување. Ми ја бушави косата и ме нарекува најубава. Просто е неподнослив и сепак неодолив. Рефлектира се што претставува иритација но сепак сум со него… А причината поради која сме сеуште заедно е недефинирана дури и за најголемиот мудрец.

Tuesday, April 1, 2014

Искушенија и се останато

 ИСКУШЕНИЈА И СЕ ОСТАНАТО

 

*Од една страна сум заентересиран колку е посебен што те има,а од друга страна размислувам дали воопшто е свесен за своето поседување. Доколку би бил на негово мето не би пропуштил ниту еден минијатурен делаљ. Колку е да е невозможно да си со мене човек како човек може да сонува,го има тоа право. Можеби токму поради арогантноста и пребарувањата немам никој со кој споделувам лошо и добро. Ама ете токму ти си таа што ги совлада моите барања а сепак неможам да те имам.*Доволно сум сигурна дека сите оние кои што понекогаш не потпаѓаат на искушение живеат прилично обичен и досаден живот. Секој ден иста приказна одпочеток. Иста препејувана песна со копнеж по ново. Сепак без ризик кон непознатото неможеш да очекуваш  и нешто поразлично. Читајте и раскажувајте нечии авантури наместо да ги стварате своите.*Никогаш не дозволувај некој да те натера да почувствуваш дека не си достоен за она кое го посакуваш. Самиот ти си оној кој решава за себе. И за интусијастична промена,еднаш биди она што си,а не она што општеството посакува да бидеш.

                       Автор:Јована Андовска
                       СЕПУГС ''ВАСИЛ АНТЕВСКИ-ДРЕН

Monday, March 31, 2014

Надокнаден недостаток

НАДОКНАДЕН НЕДОСТАТОК

Малечката несвесно стана палеофрон. Целата фантазија и возбуденост одеднаш беа исцрпени од неа. Ја исцедиа од последните чувства кои едвај ги прилепуваше одново на скоро невидливото срце. За да го достигне идеализмот во очите на останатите целосно ја изгуби способноста да чувствува. Ја оставаат? Не пушта ниту солза. Ја нервираат? Сосема спротивно,одамна нејзините нерви заборавија да се подигнуваат на провокации и караници. Рационалистички размислувано тоа е совршено нешто,ништо да не боли…Секако кај секое совршенство постои недостаток со свои последици. Така кажано на истиот начин на кој и беа исцрпени депресивните чувства и беа одземени и позитивните. Додека сите беа весели и полни со радост она единствено посакуваше нереалната насмевка прикриена со црвен кармин да биде  од срце барем еднаш. Празноста ја натера да се чувствува фалично и ништо неможеше да надокнади за тоа,или барем така мислеше.

   По обичај дојде времето за вечерната прошетка не кејот. Трчајќи го собра паќетчето М&М бомбони и шишето вода,по што веднаш излезе.Со секој направен чекор како се подлабоко да навлегуваше во мислите со што во еден момент и целосно се изгуби во нив.Одејќи несвесна за својата околина единствено што слушна беше велосипедксо ѕвонче по што се најде струполена на патот.Тој:–Добра си?Таа:–Толку ли е комплицирано да гледаш пред себе?Тој:–Малечка ти си таа што одеше право кон мојот велосипед иако уште од километри оддалешеност ме види.Таа:–Не ме викај малечка…Немам време за ова,едноставно да заборавиме и да си го продолжиме патот.ТОј:–Договорено.-одговори високото смеѓо момче и исчезна.За првпат по толку долго почувствува лутина,сепак и тоа е нешто.Поминаа две  недели,а од смеѓиот немаше никаков знак.После училиште за да се тргне од бучавата,заврши во еден од помалку познатите кафичи во градот.Додека седеше и ја читаше својата книга слушна позната насмевка,иако никако не можеше да се присети каде порано ја има слушнато.До нејзината маса седнаа пет пристојно облечени машки,но за разлика од нивното облекување однесувањето им беше сосема идентично на мало детенце.Додека си играа војна со малите паковања шеќер,еден од нив ја погледна како да ја препозна и да признаеме,чувството од другата страна беше идентично.Веднаш по тоа сите другари освем тој станаа од масата и седнаа во соседната просторија додека тој полека ја приближи масичката веднаш до неа.На почеток таа се обидуваше да го игнорира,но тој упорно ја гледаше со детска помалку чудна насмевка,се додека не проговори:Тој:-Се знаеме?Таа:-Не верувам.-веднаш оговори продолжувајки ја својата книга.Тој:- Ооо па ти си изгубената малечка.За момент се вкочани,ја затвори својата книга и спремна да си отиде ладно одговори:-Си заминувам.Тој ја фати за рака и гласно ја замоли:-Мораш како извинување да го прифатиш кафето кое да нагласиме е нарачано.Таа:-Уфф само затоа што е нарачано.Со часови седеа и зборуваа со што постепено се што со години немаше почувствувано се надокнади во тој краток период.По тој ден постојано излегуваа на најразлични состаноци и зборуваа со часови…И ете го,единственото нешто што мислеше дека никогаш нема да дојде во пресрет со нејзиниот ум и срце..Целосно и неконтролирано се заљуби во него.Во средина на зимскиот распуст,во 7 часот наутро зазвони нејзиниот мобилен.Тој:-Веднаш симни се во паркот,неможам да зборувам се ке ти објаснам,ужасно е едвај се движам.-задишан едвај зборјки ја извести.Таа без никакви дополнителни прашања се симна додека нејзините очи целосно беа полни со солзи бидејки незнаеше што да очекува.Парток беше бела земја на чудата а во средината до која водеа единствените стапки по снегот се наогаше снешко кој во рацете држеше две лифчиња на кои пишуваше:БИДИ МОЈА.Тој:-Нели е ужасен снешково,сепак машко сум и пробав.-Насмеан извика кога се појави позади неа.Во исто време ги почувствува сите можни емоции познати на научниците.По својот инстинкт прво го бутна во снегот и го погоди со топка снег директно в глава бидејки ја налути и и свори паника,а потоа му се фрли,го прегрна по што го бакна и рече само: ТВОЈА СУМ.

                                                     Автор:Јована Андовска
                                                    СЕПУГС ''ВАСИЛ АНТЕВСКИ-ДРЕН''

Wednesday, March 26, 2014

Некаде каде што само ние знаеме

Некаде каде што само ние знаеме

Те сакам. 
  • -Те сакам повеќе одколку што дебело дете сака торта.
  • -Те сакам повеќе од Хомер што ја сака Марж.
  • -Те сакам колку г-дин Крабс што сака пари.
  • -Те сакам повеќе од чоколадо (само те молам не ме терај да докажам) .
  • -Те сакам повеќе од зомби што сака мозок.
  • -Те сакам повеќе од Смигл што го сака своето скапоцено.
Јас малечко па за кратко време ти се протнав во мисли,а ти голем па цели ми ги исполни. Кога легнувам те мислам,кога заспивам те сонувам, кога станувам ти се јавувам. Успеа да направиш нешто што мислев дека нема да дочекам… Ме омекна. И да со тебе сум затоа што си различен, затоа што сме различни. Кога ми иде да земам нож што е поголем од мене и да изигравам сериски убиец од нервоза, ти ќе ми мавнеш чврга и ќе ме седнеш да гледам Пинк Пантер. Не ние не гледаме романтики… Стандард или комедија на која нема да можеме да земеме воздух од смеење или пак хорор по кој ќе завземат улога безброј пцовки и реченици од типот -Ради тебе нема да можам да спиам. Наместо да си викаме сонце и да се лигавиме си викаме дебели и се смееме. Секој ден успешно ме изненадуваш и ме тераш одпочеток да се заљубам. Додека на останатите заљубени снешкото им е голем и убав, нашиов е мал и деформиран, ама глеј го стариот никако да се стопи. Нема никогаш да те пуштам да си одиш затоа што автоматски сум насмеана кога ќе те видам и затоа што едвај 2-3 дена издржувам без тебе, а не пак повеќе. Можам уште сега да замислам. Послем добра комедија седнуваме на малата терасичка, ги пуштаме омилените песни и одмараме со црвено вино и милка чоколади… Малку подоцна кога ќе залади времето влегуваме и ти свириш и пееш а јас ги чкрабам тие “само за наши очи” текстовите. Повеќе љубов од тоа на едно место не верувам дека ќе најдеш. До сега сите пред тебе ме правеа убава, ме правеа совршена… ме трупаа со без значајни комплименти колку да се каже нешто, а никогаш не им текна да ме направат тоа што ти ме направи… Среќна. И сега стоиш втор на мојата листа од машкиот пол која ги набројува само тие вредните, така стоиш веднаш до татко ми.
                                                      Автор:Јована Андовска
                                                      СЕПУГС ''ВАСИЛ АНТЕВСКИ-ДРЕН''

Monday, March 24, 2014

ЉУБОВТА ПА ТЕК ПОТОА ЕГОТО

ЉУБОВТА ПА ТЕК ПОТОА ЕГОТО


Фраер опкружен од убавици со локни и црвени усни,а таа тежнее кон совршенство само за момент да го привлече неговото внимание. Плавоокото,русо и мило девојче се претвори во убавица над убавиците. Што се не направи за да стигне до тоа… Но се што направи беше залудно. За него љубовта беше како карти. Играше најчесто на срека и за чудо,често добиваше и ги оставаше своите соиграчи со размачкана маскара и оштетена душа. Но таа му  докажа дека дама со срце постои само во карти. Тој ја створи! Самиот тој ја створи кучката која сега има его поголемо од високите потпетици кои ги носи. Негова е вината за страдањето на неговиот најдобар пријател кој всушност беше вљубен во неа од самиот почеток. Сега таа беше најдобрата која ниту еден од фраерите не можеше да ја има. На секоја забава го имаше вниманието..Е ај да го нема!! Со сосема малку шминка и црвен фустан кој нежно и пагаше над колениците изведе убавина на која барбика би можела само да се поклони. На празните погледи од другите девојки кои беа наменети за провокација им вракаше со насмевка додека на подотворените машки полни усни не обрнуваше внимание. Секако дека беше повикана и на најегзотичната новогодишна забава,доколку таа се ојавеше и не беше потребна уште една атракција. Најновите хитови,највкусното вино и малите новогодишни колачиња како воопшто да не ја привлекуваа.А особено ја фрустураа “дамите” кои потајно ја озборуваа. Ја собра својата чанта и пред да замине реши да излезе на балконот,каде што сама ке дочекаше полноќ и новата година. Само што ја извади последната цигара слушна тешки чекори кои тапкаа по црвеното платно поставено на скалилата. Фраерот? НЕ! Тоа беше неговиот најдобар пријател.Пријателот: И мене ми е мило што те гледам.Таа: Зашто сега? Досега не си се обидел да ми прозбориш… Или и ти како оној доле приметуваш само совршенство?Пријателот: Моја ли е вината што ти го избра него? Што постојано погледот те носеше кон неговите очи, а не кон оние кои те заслужуваа?Таа:…Пријателот:Извини,не мислев уште толку да ја влошам атмосферата.Едноставно ке заминам.Таа:Не,не..Остани.Единствен си кој свушност го зборува мојот јазик во пеколново место.Пријателот:..Како што ке посакаш.-гледајки во часонвикот повторно прозборе-Уште пет минути до новата година.Таа ја подигна чашата вино и промрморе:Нова година,исти проблеми.Пријателот:Имам подобра идеја..Нова година,исти проблеми плус јас,ти топло чоколадо и твојот омилен филм.Таа:Ти се поигруваш со мене?Пријателот:Всушност не,но секој пат кога ке те видам се заљубувам одпочеток…Те сакам!-тивко изузти по што ги легна своите усни врз нејзините. Додека часовникот одчука полноќ и сите ја честитаа новата година.На балканот останаа само дамките од вино,како отпечаток на новата љубов и споен на старата ладнокрвна девојка.Таа: Што бараш тука?


                                                 Автор:Јована Андовска 
                                                СЕПУГС ''ВАСИЛ АНТЕВСКИ -ДРЕН"

Thursday, March 20, 2014

Некого да сакаш


                                          
                          Некого да сакаш

                                        Љубовта е топло сонце
што нежно срцето го грее,
љубовта е невидлив оган
што во градите тлее.

Љубовта е сјана ѕвезда
што никогаш не се гаси
љубовта е силна светлина
што човекот го краси,

Љубовта е моќен збор
што со трепет ѕвони
љубовта е волшебник
што среќа на секаде рони.

Љубовта е разбрануван океан
можеби рана што боли,
љубовта е недопрена песна
солза што од очи моли.

Љубовта е живот розов
проткаен со слатка мака
љубов е некого да сакаш,
и тој тебе да те сака.

                                          Автор:Тамара Ѓуроска
                                   СЕПУГС„Васил Антевски-Дрен"

\