Tuesday, March 11, 2014

Да докажеме дека не се само мажите "бељаџии"!

 Да докажеме дека не се само мажите "бељаџии"!


Жените најчесто изневеруваат доколку партнерот не им посветува доволно внимание. Без разлика колку долго се во врска или брак, на жените секогаш им треба некој убав комплимет или гест со кој ќе им биде докажано дека сè уште се посакувани како и порано.

Разговорот со партнерот им е многу важен на жените, па доколку нема комуникација помеѓу партнерите, жените стануваат склони кон неверства. Тие всушност бараат личност со која ќе можат да разговараат.

По неколку години од врската мажите почнуваат да се „запуштаат“, a ако нешто мразат, жените мразат да бидат со луѓе кои не водат сметка за тоа како изгледаат. Ова претставува голем проблем во врската и жените посакуваат нешто „позгодно“.

Сексуалниот живот е многу важен за една врска, меѓутоа ако тој станал монотон и ако се случува жената да легне со мажот само за да ги задоволи неговите потреби, бидејќи тој повеќе не се труди околу неа, тоа доведува до тоа жената да го бара своето сексуално задоволство на друго место.

Доколку е жената изневерена или повредена од страна на партнерот, веројатно ќе сака да му се одмазди, а најдобра одмазда е секако неверството.


1 comment:

  1. men they just wanna have fun
    oh men they just wanna have fuun

    ReplyDelete