Thursday, February 27, 2014

Љубовта навистина боли

          Љубовта навистина боли

Една научна студија објавена во „Нејчр неуросајенс“ покажала дека хормонот за среќа е одговорен за некои наши долготрајни болки

Окситоцин, познат како "хормон на љубовта“, влијае на чувството за поврзаност со други лица. Овој хормон е хемиската причина за емоциите во сите социјални врски, па и во љубовта, која може да биде и најрадосна и најболна.
Истражувањето укажува дека една од функциите на хормонот е да ја засили социјалната меморија во одреден дел во мозокот, но доколку искуството било болно и вознемирувачко, окситоцин го активира делот во мозокот со „засилено“ паметење.
Истиот хормон кој ни носи радост во љубовта, е фактор за болни социјални непријатности кои траат со години. Тој го засилува чувството на страв и непријатност кога сме во стресна состојба. Тој може да влијае на екстремните врвои и падови во емоциите, како што е тагата и чувството на „скршено срце“.

1 comment: